Иницијативата на младите за човекови права во Србија (YIHR Serbia) преку заеднички акции во локалната заедница им се спротивставува на политичките графити што шират омраза низ Белград, заменувајќи ги пораките што поттикнуваат поделби со пораки за мир, љубов, солидарност, соработка и вклученост.
Акцијата се надоврзува на пошироките активности на организацијата против говорот на омраза и националистичките пораки на јавните простори. YIHR Serbia и претходно водела кампањи за отстранување мурали и графити што ги величаат осудените воени злосторници, повикувајќи ги институциите да преземат одговорност за справување со ваквите пораки. Во 2022 година ја започнала кампањата „Вистината повеќе да не доцни“, со цел да ги документира муралите и графитите посветени на Ратко Младиќ.
Сегашната иницијатива се потпира на непосредно дејствување, при што членовите учествуваат во пребојување на ѕидовите и покривање на навредливите пораки со попозитивни. Наместо да се потпира само на реакциите на институциите, акцијата го става акцентот врз личната одговорност за околината и покажува дека јавните простори можат да пренесуваат пораки на почит, солидарност и мирен соживот.
Преку посебен профил на Инстаграм посветен на оваа иницијатива, YIHR Serbia се надева дека ќе допре до поширока публика и ќе поттикне повеќе луѓе да се приклучат. Иницијативата ја одразува пошироката посветеност на организацијата на човековите права, помирувањето и градењето мир низ регионот.


