Земјите од Западен Балкан бараат итни измени на европските правила по падот на извозот на електрична енергија по воведувањето на CBAM.
Министерот за енергетика на Црна Гора, Адмир Шахмановиќ, во име на Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово* испрати писмо до Европскиот парламент со барање за измена на Уредбата (ЕУ) 2023/956.

Од јануари 2026 CBAM воведува дополнителни трошоци за извоз на електрична енергија кон ЕУ. И покрај зголеменото производство од хидроелектрани, побарувачката опаѓа.
Електропривреда на Црна Гора забележа пад на приходите од 13 милиони евра во првиот квартал од 2026 година.

