Станува збор за транспортот (поглавје 14), енергетиката (поглавје 15) и регионалната политика и координацијата на структурните инструменти (поглавје 22), што претставува уште еден чекор напред во процесот на европска интеграција на земјата.
Пред конференцијата, предлогот за затворање на поглавјата се очекува да добие одобрение од постојаните претставници на земјите членки на ЕУ, на состанокот во среда, 18 ноември. Со таа одлука, Црна Гора би постигнала натамошен напредок во усогласувањето на законодавството и политиките со стандардите на ЕУ во клучни области, меѓу кои се транспортната инфраструктура, регулативата во енергетиката и управувањето со средствата за регионален развој.
На претходната меѓувладина конференција, одржана на 6 ноември во Брисел, Црна Гора привремено затвори две поглавја: поглавје 1, за слободното движење на стоки, и поглавје 12, за безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика.
Доколку, како што се очекува, бидат затворени и овие три поглавја, Црна Гора ќе има привремено затворено 26 од 33 поглавја опфатени со преговорите за пристапување кон ЕУ, со што ќе се доближи до завршувањето на преговарачкиот процес.


