Ровињ од 24 до 27 септември повторно станува епицентар на креативноста, знаењето и networking-от, овој пат преку дури осум специјализирани фестивали. Покрај препознатливиот Weekend.19, пристигнуваат Tech.Weekend, HR.Weekend, Finance.Weekend, Investment.Weekend и Energy.Weekend, како и два нови формата: Health.Weekend и Education.Weekend.
Weekend.19 станува место на средба на теми што повеќе не припаѓаат само на една индустрија. Вештачката интелигенција, здравството, образованието, финансиите, енергијата и медиумите денес се преплетуваат во секој разговор за иднината — а токму такви разговори Weekend носи на сцената.
Од Силициумската долина до маносферата — новите говорници на Weekend.19
Овогодишната програма носи силен спој на глобални и регионални перспективи.

James Bloodworth, британски новинар и автор, доаѓа со теми за општествената нееднаквост, современата машкост и маносферата. Неговата книга Lost Boys отвора прашања за осаменоста, радикализацијата и онлајн супкултурите што ги обликуваат младите генерации.
Fredrik Haren, глобално познат како The Creativity Explorer, е еден од водечките светски говорници за креативност и иновации. Автор е на десет книги, меѓу кои и The Idea Book, а во Ровињ ќе зборува за креативноста како клучна вештина на иднината.

Laura Bermudez, лидерка со повеќе од 25 години искуство од Силициумската долина (PayPal, eBay, Carta), зборува за трансформацијата на дигиталните системи во ерата на податоците и вештачката интелигенција, како и за тоа како технологијата ги менува организациите и тимовите.
На Weekend.19 пристигнува и креативниот тим на филмот Svadba — Rene Bitorajac, Dragan Bjelogrlić, Anđelka Stević Žugić, Igor Šeregi и Ivan Kelava — со поглед зад сцената на еден од најочекуваните регионални филмски проекти.

На програмата ѝ се придружува и Milena Radulović, актерката што гради кариера меѓу регионалната и меѓународната сцена. Таа ќе зборува за работата во различни продукции и за разликите во професионалните стандарди, притисоците и очекувањата.
Нови формати: Health.Weekend и Education.Weekend
Health.Weekend го носи здравјето надвор од рамките на медицината, преку теми за дигитални решенија, вештачка интелигенција и трансформација на здравствените системи.
Education.Weekend отвора расправа за знаењето и компетенциите на иднината, собирајќи професори, научници, претприемачи, менаџери, HR експерти и студенти во момент кога AI го менува начинот на учење и пазарот на трудот.


